За Регионалната програма на енергетска ефикасност (RPEE) за Западен Балкан

Земјите на Западен Балкан имаат огромен потенцијал да имаат корист од поголемо користење на обновливи извори на енергија и мерки на енергетска ефикасност. Регионалната програма за енергетска ефикасност (RPEE) има за цел да го покрене овој потенцијал обезбедувајќи комбинација на инструменти за финансирање, техничка помош, и поддршка на практични политики, за да се создаде одржлив пазар на енергетска ефикасност на Западниот Балкан. Целни земји се Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, ПЈР Македонија, Косово, Црна Гора и Србија.

RPEE поддржува вложувања во енергетската ефикасност и во приватниот и во јавниот сектор – и го поттикнува јавниот сектор да превземе раководечка улога, како тоа е предвидено во националните акциони планови за енергетска ефикасност (NEEAPs) на овие земји, кои се разработени во рамките на процесот на создавање на Енергетска заедница.

КОНТАКТ

АНАЛИЗИ НА СЛУЧАИ