За Регионалната програма на енергетска ефикасност (RPEE) за Западен Балкан

Во јуни 2012 година, Управниот одбор на Инвестиционата рамка за Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework - WBIF) на Европската банка за обнова и развој (EBRD) и одобри бесповратни средства oд 23,35 милиони евра да воспостви Регионална програма на енергетска ефикасност за Западен Балкан. WBIF е заедничка иницијатива на Европската комисија заедно со партнерските меѓународни институции (Банка за развој на Советот на Европа (CEB), EBRD и Европската инвестициона банка (EIB)) и билатерални донатори, која ги обединува бесповратните финансиски средства за да ги максимализира изворите на средствата за зајмови за финансирање на приоритетна инфраструктура и општествено-еконосмски развој на Западниот Балкан.

Таа нова RPEE за Западен Балкан настојува да извлече корист од претходното искуство со финансиски аранжмани за секторот на одржива енергија (SEFFs) со повторување на тој модел со негово модификување, за најдобро да би ги подджала земјите учеснички да ги постигнат своите крајни цели во поглед на одржливата енергија како се изложени во нивните национални акциони планови на енергетска ефикасност (NEEAPs). RPEE поради тоа се состои од три елементарни „прозорци“.

Прозорец1 се вика прозорец за „дијалог за практични политики и поддршка на подготовка на проекти“. Издвоени се вкупно 6 милиони евра за техничка помош за овој прозорец, кој ќе потпомогне интензивен дијалог за практични политики со властите во овој регион и за поддршка на јавните власти да подготвуваат проекти на енергетска ефикасност врз основа на договор за пружање на енергетски услуги (ESCO). Taа работа има за цел да се воспостават регулаторни рамки и надминат пазарни бариери, што ќе катализира инвенстирање во енергетска ефикасности и овозможи настанување на пазар за компании кои пружаат енергетски услуги (ESCO). Тој е поделен во две тематски области: поддршка на проекти на ESCO и општ дијалог за практични политики.

Прозорец 2 е прозорец за аранжман на кредитни линии (WeBSEFF II). Овој прозорец за работа се состои од рамки на кредитни линии oд 92 милиони евра. Tиe кредитни линии ќе им се даваат на локални финансиски институции за натамошно давање на кредити на проекти на енергетска ефикасност на обновливи извори на енергија од помали размери. Ова финансирање е достапно на корисници на кредити и од јавен и од приватен сектор. WBIF обезбедува финансирање на бесповратни средства за техничка помош и поттик на инвестиции.

Прозорец 3 е прозорец за аранжман за директно финансирање (WeBSEDFF). EBRD определи вкупно 50 милиони евра да го дополни финансирањето на WeBSEDFF. Oва се инвестира и во поекти на обновливи извори енергија од средни размери и во унапредување на енергетска ефикасност и во индустриски претпријатија. Натаму, овој аранжман намерава да обезбеди финансирање на проекти на ESCO. WBIF обезбедува финансирање на бесповратни средства за техничка помош и поттици на инвестиции.