Две кредитни линии

Моментално функционираат две кредитни линии. Тие две се дел на Иницијативата за одржлива енергија (Sustainable Energy Initiative – SEI) на банката EBRD, која се бави со предизвици на климатски промени и енергетска ефикасност.

  • Аранжман на финансирање на одржлива енергија на Западен Балкан (Western Balkans Sustainable Energy Financing Facility - WeBSEFF II). Овој аранжман се состои од кредитни линии од 75 милиони евра. Tиe кредитни линии ќе се даваат на локални финансиски институции за натамошно давање кредити за проекти на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија од помали размери. Oва финансирање е достапно на корисници на кредити и од јавниот и од приватниот сектор. Молиме да го следите линкот за да дознаете повеќе за WEBSEFF на неговата Web локација.
  • Аранжман на директно финансирање на одржлива енергија на Западниот Балкан (Western Balkans Direct Sustainable Energy Financing Facility - WeBSEDFF). Имајќи ја во предвид големата побарувачка, EBRD издвои дополнителни 50 милиони евра да го дополни финансирањето на WeBSEDFF во 2012година. Ова се инвестира и во проекти на обновливи извори на енергија средни размери и во унапредувања на енергетска ефикасност во индустриски претпријатија. Натаму, овој аранжман намерава да обезбеди финансирање за ESCOпроекти.

За двете линии, WBIF обезбедува финансирање со бесповратни средства за техничка помош и поттици на инвестиции. Молиме да кликнете со глушецот на линковите во текстот за да дознаете повеќе за тоа.