Проекти од средни размери– WeBSEDFF

Аранжманот за директно финансирање на одржлива енергија на Западниот Балкан (WeBSEDFF) е аранжман на директно инвестирање по кое EBRD oпредели 50 милиони евра како кредитни средства по Програмата RPEE. WeBSEDFF функционира во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, ПЈР Македонија, Црна Гора, Србија и на Косово. Oвојаранжман е отворен за локални мали и средни претпријатија (MСП)или оние кои се одговорни да реализираат проекти:

• проекти на енергетска ефикасност во индустријата

• проекти на обновливи извори на енергија

• ESCO проекти во јавниот сектор со договори со ESCO компании.

Според WeBSEDFF, EBRD обезбедува директни зајмови од 2 милиони евра (за одредени земји од 1 милион евра) до 6 милиони евра за проекти кои ги задоволуваат условите. Според оваа шема, корисниците на кредитите кои ги задоволуваат условите можат исто така да добијат:

• Бесплатни технички консултантски услуги, кои ги пружа консултант на проектот, кој помага околу подготовката на проектите на одржлива енергија.

• Средства за поттикнување платени врз основа на проценето намалување на емисиите CO2 кое е резултат на реализација на проектот.

За повеќе информации кои ги задоволуваат условите, модалитетите на финансирање и расположивата поддшка на бесповратни финансиски средства, молиме да ја погледате Web локацијата на овој аранжман: http://websedff.com/