Дијалог за практични политики

Зошто дијалогот за практичните политики на енергетска ефикасност е важен на Западниот Балкан?

На Западниот Балкан останува неискористен значителен потенцијал за инвестиции во енергетската ефикасност. Тој потенцијал е поголем одошто во многу други земји во транзиција поради занемарено одржување на индустриска опрема и згради, како и присуството на големи залихи опрема чии економски, а исто така и физички век поминал. Меѓутоа, унапредувањето на енергетската ефикасност е соочено со проблематични бариери – од кои повеќето можат да се решат, барем делумно, со унапредување на рамковни услови (практични политики) кои ги регулираат пазарите на енергетската ефикасност. Компонентата RPEE Дијалог за практичните политики на енергетската ефикасност работи со владите на Западниот Балкан за да им се помогне да ги унапредат своите рамки на практични политики на енергетската ефикасност.

Што нуди Дијалогот за практичните политики на енергетската ефикасност во рамките на Програмата RPEE ?

Низ консултации со званичниците и главните актери на Западниот Балкан, одлучено е да се понуди помош околу практичните политики во три приоритетни области, кои ја поддржуваат примената на Националните планови на енергетската ефикасност ( NEEAPs ) на овие земји:

  • транспонирање (во законодавство) на Директивата за енергетска ефикасност на згради (EPBD-DEEZ) на Европската унија;
  • правила на јавни набавки и насоки за купување на енергетски ефикасна опрема; и
  • практични политики на енергетска ефикасност на комунални претпријатија и реформа на тарифи за енергија, мерење и фактурирање

    Oвој„мени“со помош околу практичните политики им е понуден на земјите на Западниот Балкан. Подоле е прикажан изборот на помош околу дијалогот за практичните политики по земји.