Енергетска ефикасност во комуналните претпријатија

Цели

Општа цел на дијалогот за практичните политики во рамките на Програмата REEP е да се поддржат законодавците и инвеститорите во елиминирањето на пазарните бариери на енергетската ефикасност и да се забрза превземањетона енергетските услуги.

Подрачје на опфатот

Реформа на тарифи за енергија и ангажирање на комунални претпријатија кои испорачуваат енергија да даваат опции за енергетска ефикасност се пресудни за да се постигнат цели на енергетска ефикасност на Западниот Балкан. Потреба да се реформира и постепено укинува постоечкиот систем на регулирање на цените за потрошувачи кои ги исполнуваат условите на Западниот Балкан ја подвлече и Секретаријатот на Енергетската заедница во своите извештаи за примена и Европската комисија во својот Извештај за Спогодбата за Енергетската заедница од 2011. На состанокот од 5 октомври 2011 година, Постојаната група на високо ниво ја „повтори својата загриженост околу тврдокорните бариери на основање на отворени национални и регионални пазари, вклучувајќи го и прекумерното регулирање на цените.“

Поттикнување на комуналните претпријатија за испорака на енергија да даваат опции на енергетска ефикасност на своите клиенти претставува важен дел на Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/EU). Особено, според членот 7 (Шеми на обврски во поглед на енергетска ефикасност), тие клучни обврски опфаќаат:


  • Поставување на цели за комунални заштеди во крајното кроистење на енергија до крајот на 2020 година кој е барем еквивалентен на годишната заштеда од 1.5% (за периодот 2014-2020) од годишните продажби на енергија на крајните корисници во текот на периодот 2010-2012;
  • Потреба да се определат страни кои ќе имаат обврска во поглед на енергетска ефикасност и сектори за крајно користење кои исполнуваат услови или се насочени по таа обврска; и
  • Барање да се утврди систем на мерење, контрола и верификација, за да се осигура целите да се исполнети со мерки на заштеда на енергија кои ги исполнуваат условите и да се потврди постигањето на тие заштеди.

Постои јака аргументација за подршка на обврските на комуналните претпријатија во поглед на енергетска ефикасност по Програмата REEP. Комуналните претпријатија во региониот на Западен Балкан моментално играат многу ограничена улога во примена на практичните политики и програми на енергетска ефикасност. Меѓутоа, комуналните претпријатија можат да претставуваат една важна организација за примена на енергетска ефикасност и можат да имаат некои значителни предности во оваа смисла. Тие го опфаќаат следново:

  • Постоечки однос со крајните корисници и пристап кон драгоцени податоци за пазарот, вклучувајќи го и тоа колку енергија кому се продава и кога, и поради тоа мерките на заштеда на енергија можат стратешки да се насочуваат;
  • Пристап кон капиталот и другите ресурси и овластувања, вклучувајќи ги и човечките ресурси, широка мрежа на услуги и испораки, и маркетиншка и инженерска експертиза; и
  • Обврски да се обезбеди адекватност на испорака и поради тоа потреба да се планира за и прилагоди на растењето на побарувачката на енергијата и врвно оптеретување.

Оваа компонента на Програмата REEP, која се однесува на дијалог за практичните политики врзано за комунални претпријатија, има за цел да им помогне на одбраните земји да ги реформираат своите тарифи за енергија и да разработаат подзбир на подзаконски регулативи, прописи и насоки кои се неопходни за транспонирање (во законодавство) на членот 7 oд Директивата за енергетска ефикасност.