Транспонирање (во законодавство) на Директивата на ЕУ за енергетска ефикасност на згради (EPBD - DEEZ)

Цели

Општа цел на дијалогот за практичните политики во рамките на Програмата RPEE е да се поддржат законодавците и инвеститорите во елиминирање на пазарните бариери на енергетската ефикасност и да се забрза превземањето на енергетските услуги.

Подрачјето опфаќа

Преобликуваната Директива на Европската унија (EU) за енергетската ефикасност (Директива 2010/31/EU) (EPBD - DEEZ) е витален инструмент на практичната политика на енергетската ефикасност на Европската унија, како и Западниот Балкан /Енергетски заедници во изградено опкружување. Транспонирање (во законодавство) и примена на DEEZ претставуваат значителна работна обврска и технички предизвици за сите земји на Западниот Балкан. Особено, од земјите се бара (член 1 од Директивата) да го разработаат/превземат следново:

  • заедничка општа рамка за методологија на пресметување на обединета енергетска ефикасност на зградите и функционалните целини на зградите;
  • примена на минимални барања за енергетска ефикасност на нови згради и нови функционални целини на зградите;
  • примена на минимални барања на енергетска ефикасност на:
    • o постоечките згради, функционални целини на згради и елементи на згради кои се предмет на поголемо реновирање;
    • o елементи на згради кои се составен дел на обвивката на зградата и кои имаат значително влијание врз енергетската ефикасност на обвивката на зградата кога дополнитело се вградуваат или менуваат; и
    • o технички системи на згради кога се инсталираат, заменуваат или модернизираат;
  • енергетска сертификација на згради или функционални целини на згради;
  • редовна инспекција на системи за греење и климатизација во зградите; и
  • системи на независни контроли за сертификати за енергетска ефикасност/енергетски пасоши и извештаи за инспекција.

Компонента на дијалогот за практичните политики на Програмата RPEE која се однесува на DEEZ има за цел да им помогне на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, ПЈР Македонија, Косово и (целни корисници) да разработаат подгрупа на подзаконски акти, прописи и насоки кои се неопходи за транспонирање на DEEZ (во законодавство). Утврден е обемот на конкретната помош за секоја земја во консултации со секој целен корисник (да се види Табелата 1 доле) и него, во текот на настанот за покренување на Програмата, го прочистиле консултанти и технички работни групи (Technical Working Groups - TWGs) кои се основани во секоја земја.

Taбела: Oбем на помош што им се пружа на целните корисници (нa ден 1 октомври 2014.)

Koрисник Примарен закон Секундарно законодавство
Минимални барање за енергетска ефикасност Meтод на национално пресметување; Сертификација на енергетска ефикасност Инспекции на греење и климатизација
Федерација БиХ



Хрватска



ПЈР Македонија
✓ (oбука и aкредитација)
Koсово
Србија



Koрисник IT инфраструктура
Софтвер за пресметување Регистар на енергетски пасоши(EPC) (база на податоци)
Спецификации и проектирањe Производ Спецификации и проектирање Производ
Федерација БиХ
Хрватска
ПЈР Македонија

Koсово

Србија