Договори за пружање на енергетски услуги/ Договори за енергетска ефикасност

Директивата на EU 2006/32/EC за енергетската ефикасност во потрошувачката и енергетските услуги пружа основа за проекти на енергетска ефикасност врз основа на договори за пружање на енергетски услуги во јавниот сектор. Особено чл. 9.1 (кој овозможува изработка на правна рамка под примарниот законодавен ниво за активностите на обезбедување на енергетска ефикасност врз основа на договори за пружање на енергетски услуги во јавниот сектор) и чл. 9.2 (официелно одобрени договори за пружање на енергетски услуги и модели на јавни тендери) даваат јасни насоки во поглед на практичната политика. Меѓутоа, нивното транспонирање (во националното законодавство) често се запира пред изработката на соодветни подзаконски акти. Ова создава извесен број препреки и EBRD ги поддржува владите на Западниот Балкан да ги појаснат овие членови.