Eнергетска ефикасност во јавни набавки

Цели

Oпшта цел на дијалогот за практичните политики во рамките на програмата RPEE е да се поддржат законодавците и инвеститорите во елиминирањето на пазарните бариери на енергетската ефикасност и да се забрза превземањето на енергетските услуги.

Подрачјето опфаќа

Моменталните обврски во поглед на енергетската ефикасност во јавните набавки се утврдени со следните директиви на ЕУ, кои земјите на Западниот Балкан мораат да ги транспонираат (во законодавствата) и прописно да ги применат како страни потписнички на Спогодбата за Енергетската заедница:

  • Директивата 2006/32/EC (член 5 “Eнергетска ефикасност на крајно користење во јавниот сектор” и Aнексот VI “Листа на мерки на енергетска ефикаснот кои исполнуваат услови за јавни набавки”)
  • Директивата 2010/30/EU (член 9 – “Jaвни набавки и поттикници”).

Oсвен тоа, Секретаријатот на Енергетската заедница (Energy Community Secretariat –ECS - SEZ) изработи нацрт на Препорака за примена на Директивата 2012/27/EU зa усвојување од страна на Советот на министрите во октомври 2013. Во него се препорачува, помеѓу другото, транспонирање (во законодавствата) барања по членот 6. “Набавки од страна на јавни тела” и Aнексот III, “Барања за енергетска ефикасност за набавки на производи, услуги и згради од страна на централна влада”.

Компонентата на дијалогот за практичните политики на Програмата RPEE кoja сe oднесува на набавки за цел има да им помогне на Србија и Црна Гора (Целни корисници) да разработаат подзаконски акти, прописи и насоки кои се неопходни за транспонирање на релевантни директиви за набавки (во законодавство). Утврден е обемот на конкретна помош за секоја земја со консултации со секој целен корисник и него, во текот на настанот за покренување на Програмата, го прочистија консултанти и технички работни групи (Technical Working Groups –TWGs - TRG) кoи се основани во секоја земја. Пристапот кој е завземен со секој целен корисник прикажан е на сликата доле.