Поддршка на јавните власти околу подготовката на ESCO проектот на енергетска ефикасност

Зависно од расположивоста на финансиски средства, EBRD евентуелно ќе може да придонесе на техничка соработка, за да би се обезбедило следново:

• поддршка на владите околу воспоставувањето на оптимално законодавно опкружување за активностите врз основа на договори за енергетска ефикасност во јавниот сектор. Ова би опфаќало оценка на меродавна регулаторна рамка, за да би се идентификувале било какви ограничувања во, на пример шифрата на буџетскиот корисник или законите за набавки; по потреба, помош околу измена на законодавството; и помош околу утврдувањето на класификација на обврските кои не се однесуваат на долг по некој договор за енергетска ефикасност; и

• поддршка во осмислување на оптимална конструкција за комбинирање на приватно финансирање на договори за енергетска ефикасност со Структурални фондови на ЕУ или други извори на јавно финансирање. Ова би го следило принципот ESCO компаниите да треба да ги финансираат, на свој сопствен ризик, оние инвестиции кои имаат комерцијален период на враќање на инвестиција, додека јавните финансиски средства (т.е. Структуралните фондови) треба да ги покриваат одржливите проекти за заштеда на енергија, но со подолг период на враќање на инвестиција.

Јавните власти, кои се заинтересирани за поддршка околу подготовка на некој ESCO проект на енергетска ефикасност, можат да не контактираат користејќи ги податоците на десната страна (горе).