Зошто Договор за енергетска ефикасност?

Страните потписнички на Спогодбата за Енергетска заедница(Energy Community Treaty (ECT - SEE) од Западен Балкан последните години сториле многу за намалување на својот интензитет на користење на енергија. Меѓутоа, област во која се уште има многу да се стори е во зградите на јавниот сектор, како што се училишта, градски собранија, болници, како и во јавните услуги, како што е улично осветлување.

Ситуација - Зградите на јавниот и приватниот сектор ги карактеризира недоволно инвестирање во конструкцијата на зградите и во сервисната опрема. (на пр. греење, осветлување, вентилација и климатизација). Oваe причина за големи енергетски неефикасности.

Шанса - Oвие неефикасности се причина за потенцијал на значителни заштеди на енергија и заштеда на пари.

Ограничување - Разбирањето на овој потенцијал бара проектирање, финансирање и реализација на инвестиции во енергетска ефикасност. Меѓутоа, сопствениците на јавните згради („ESCO Клиент“, кoj би можел да ги опфати централните или локалните влади или нивните агенции) се често ограничени (и) со недостиг на техничко знаење кое е потребно за проектирање и реализација на такви инвестиции во енергетска ефикасност и со јаки врски со вистински перформанси и исходи (заштеди на енергија); (ии) со ограничени финансиски средства или нерасположивост на средства за финансиски инвестиции, што е често случај поради постоечката задложеност или горни граници за нов јавен долг.

Решение - Концепт кој ги решава овие ограничувања е ESCO концепт на Договарање на енергетска ефикасност (Energy Performance Contracting - EnPC). Според овој пристап, ESCOкомпаниите финансираат и реализираат инвестиции во енергетска ефикасност со комерцијално прифатливи периоди на враќање на инвестициите(на пр. <10 години за сервисна опрема на зграда)и се отплатуваат од некој удел во идни заштеди на енергија. Договоритe за енергетска ефикасност можат да се применуваат на низа проекти на енергетска ефикасност, вклучувајќи и: улично осветлување, јавни згради (кaкo што се училишта, болници, градинки, управни згради, вода, итн.). Клучна карактеристика на овој Договор за енергетска ефикасност е заштедите да ги гарантира ESCO компанијата– доколку не се реализираат заштедите, ESCO компанијата нема да биде платена.

Koристизa ESCO клиенти (корисници):

1. ESCO компанијата сама ги финансира сите потребни инвестиции и превзема ризик на постигање на договорно гарантирани заштеди на енергија, со што ослободува капацитет на задолжување на јавниот сектор. Доколку јавната власт сака да има одредено технолошко решение за енергетска ефикаснот кое има пропорционално поголеми инвестициски трошоци отколку заштеди (на пр. во улично осветлување, LED сијалици наместо натриум сијалици под висок притисок), јавната страна потписничка на договорот може да ги има така што ќе го кофинансира тој проект;

2. На ESCO Клиентот му се гарантира дека нема да потроши повеќе единици енергија од оние што се наоѓаат во неговата оригинална сметка за енергија пред таа инвестиција (да се види долниот дијаграм);

3. Договорот за енергетска ефикасност воведува експертиза на приватниот сектор за проектирање на проекти која помага да се осигура постигање на максимално ниво на заштеда на енергија за минимум трошоци, а ризикот на проектирањето, реализацијата и финансирањето се префрлува на ESCOкомпаниите;

4. Договорот за енергетска ефикасност е комерцијален механизам кој овозможува Структуралните фондови на ЕУ делотворно да се користат за максимизирање на изворите на средствата и да се обезбеди многу потребно кофинансирање со финансирање на комерцијалниот приватен сектор. Oва комбинирање на бесповратни средства и приватно финансирање исто така се вика „финансиски инженеринг“ и ЕУ гоподдржува и всушнoст поттикнува (Уредба на Советот наЕУ (EC) бр. 1303/2013); и

5. Програмата со Договорот за енергетска ефикасност нуди јасен и мерлив пат кон исполнување на барањата за целите на енергетската ефикасност спорет релевантните Директиви на ЕУ за енергетска ефикасност (2012/27/EU).

6. Програмата со Договорот за енергетска ефикасност има за цел да го зголеми ангажирањето на приватниот сектор во планирањето на оптимални инвестиции во енергетската ефикасност.

Позитивни искуства со Договорите за енергетска ефикаснот постојат од деведесетите години на минатиот век во на пр. Германија, Австија и во најново време во Чешка Република и Бугарија. Годишно германскиот пазар за ESCOпроектите изнесува до 4 милијарди евра. Пример: Проекти со Договори за енергетска ефикасност во 1.500 jaвни згради во Берлин имале за последица над 50 милиони евра инвестиција во ефикасност која ја финансирале ESCOкомпаниите.

Дијаграм: пример на Договор за енергетска ефикасност (проекти на јавниот и приватниот сектор се скоро идентични, воглавно варираат инвестициите, периодите на враќње на инвестициите и траењето на проектот).